Заев: Успешно го натеравме Мијалков сам да се пријави, нема тајни преговарања

Имаме јакнење на безбедносните служби кои се под извршната власт, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето дали е утврдено која институција потфрлила за случајот со бегството на обвинетиот Сашо Мијалков.

Тој додаде дека државните органи сепак успешно го натерале Мијалков сам да се пријави.

-Треба да се види каде затаил системот, за да можеме да извлечеме поуки и да ги надминеме слабостите. Шпекулации имаше милион во минатото, но сакам да потсетам дека македонското општество помина 11 години во режим, а украдените пари бушат системи, изјави Заев.

Според него веќе привршуваат случаи поврзани со криминалното режимско владеење и додаде дека е среќен што завршил случајот кој ја покрена Шарената револуција, оној за масовното прислушувањето.

-Тука е и вториот најважен случај според мене, а тоа е „Титаник“, за изборните манипулации. Веќе не смее на никого да му текне да манипулира со изборните резултати, кажа Заев.

Премиерот додаде дека завршените случаи покажале дека нема тајни преговарања или пак нешто скриено зад очите на јавноста, што се потврдило со изречените казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот