Заев: Успешните економски политики на Владата даваат резултати

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро. Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Економијата бележи историски раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7 проценти, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година, наведува премиерот Заев во објавата.

Тој потенцира дека државата бележи историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 отсто со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.

– Успешните економски политики даваат резултати, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот