Заев упати писмо до Конте во кое сочувствува со загубата на човечките животи во Венеција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со сочувство до неговиот италијански колега Џузепе Конте, по повод штетите и жртвите од поплавите кои ја погодија Венеција.

-Со загриженост ја примив веста дека повеќе од 85 проценти од градот Венеција е поплавен, вклучувајќи ја и историската базилика и многу нејзини плоштади и улички, во трагичната елементарна непогода. Несомнено, климатските промени го чинат своето, но, загубата на човечките животи е ненадоместлива, за што ви го упатувам моето искрено сочувство- истакна премиерот во писмото.

-Дозволете ми, почитуван колега, да ги споделам со Вас моите желби за брзо надминување на штетите од оваа природна непогода. Нашите мисли и молитви се со Вас- се вели во писмото кое премиерот Заев го упати до претседателот на Советот на министри на Италијанската Република, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот