Заев упати честитка до СР Германија по повод Денот на германското единство и повторното обединување

Премиерот Зоран Заев попладнево, преку својот фесјбук профил, упати честитки до СР Германија, по повод националниот празник – 3 октомври, Ден на германското единство и повторно обединување.

Како што наведува Заев, обединувањето на Германија во 1990 година и падот на Берлинскиот ѕид една година претходно, се симболи за храброста и надежта на слободата и демократијата. На овој ден СР Германија ги оствари наприкосновеното право и одлука на германскиот народ повторно да ја обедини сопствената поделена држава. Овој чин испрати силна порака за моќта на заедништвото и меѓу земјите-членки на ЕУ.

-Во мое име и во име на Владата и народот на Република Северна Македонија, испраќам најсрдечни честитки до народот на СР Германија, по повод денешниот национален празник – 3 октомври, Ден на германското единство и повторно обединување. Падот на Берлинскиот ѕид е историски исчекор со кој во Европа преовладаа вредностите за самоопределување на народите за својата самостојност со политички средства низ демократските институции и за владеење на правото и почитта кон индивидуалните слободи и права, истакнува премиерот Заев.

Според него, Република Северна Македонија ги споделува овие вредности со СР Германија.

-Како наш сојузник во НАТО и поддржувач на нашите аспирации за членство во ЕУ, тие се значаен партнер за остварување на нашите стратешки цели и за заедничка иднина во НАТО и ЕУ. На целиот германски народ уште еднаш им го честитам празникот 3 Октомври, Денот на единството и повторното обединување на Германија, со желби за напредок и да остане и понатаму влијателен промотор на слободите и демократските вредности, пишува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот