Заев: Убеден сум дека со овие избори испраќаме порака во каков правец треба да се движи нашата држава

Премиерот Зоран Заев, локални избори 2021/ Фото Facebook Zoran Zaev

Македонската демократија е пред уште една победа. Денеска сведочиме на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што и личи на една земја членка на НАТО и аспирант за членство во Европската унија, рече денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на локалните избори на избирачкото место 1730 во Струмица.

Додаде дека граѓаните знаат колку се важни овие локални избори затоа што се врзани со секојдневието на граѓаните, со нивниот живот, семејства и со нивните секојдневни потреби.

– Затоа, верувам дека ќе ги изберат најдобрите советници и градоначалници. Драго ми е што кампањата помина со доминантно присуство на позитивната атмосфера, наместо негативната атмосфера. Драго ми е што имавме навистина европска изборна кампања и верувам дека и денеска ќе имаме европски изборен ден, кадешто доминираа проектите, програмите, наспроти лажните вести. Во едни такви околности убеден сум дека со овие избори испраќаме уште еднаш порака во каков правец треба да се движи нашата држава и нашите општини, затоа што граѓаните дефинитиво го очекуваат најдоброто за нив, истакна Заев.

Подвлече дека е убеден дека токму на овие избори граѓаните ќе ги потврдат политиките кои се од исклучително значење за државата и општините.

На гласањето во Струмица, премиерот Зоран Заев беше придружуван од сопругата Зорица и ќерката Александра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот