Заев: Треба да има ветинг за политичарите, МВР, судството

Во Македонската радио телевизија вечерва гостуваат премиерот на земјава, Зоран Заев заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска, каде одговараа на прашања од новинари и уредници на медиуми од земјава.

Според Заев, притворот е еден тип на казна, без разлика на тоа за кого се работи.

-Не ја знам одлуката на судот, но останувам конзистентен на своите политики дека притворот не треба да биде казна без разлика дали се работи за Катица Јанева, за Груевски или за било кој во општеството- изјави вечерва премиерот Зоран Заев во емисија на Македонската телевизија.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката за определување куќен притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Заев рече дека оти притворите од 60, 90, 100, 200 или 300 дена се казна.

Нагласи дека верува во ефикасни судски процеси каде ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. Според него, потребно е да има одлука без разлика каква и да е. Рече дека не го обвинува само судството, туку и обвинителството.

– До ден денеска се прашувам, како тоа Груевски е ставен по тој член за делото брзо да застаре, а другите не, кога сите ги слушавме бомбите кој тоа го организира. Јас не знам дали тука е судот или обвинителството и затоа зборувам за правосудството. Јас се борев со нашиот народ, притворот да не биде казна. Верувам дека притворот е казна. Без разлика за кој се работи. Она каде што не сме задоволни, тоа јавно го коментираме и треба да има ветинг за политичарите, МВР, судството- истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот