Заев: Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во Мостар, БиХ во која загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека продолжуваат да го следат неговиот пример.

-Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари. Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава. Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи-напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот