Заев: Ти благодарам Санчез, продолжуваме да придонесуваме за подобра, проевропска иднина на сите граѓани

Лидерот на СДСМ денеска во објава на Фејсбук му се заблагодари на шпанскиот премиер Педро Санчез за изразената поддршка за коалицијата Можеме на претстојните предвремени парламентарни избори во земјава.

– Ти благодарам Педро Санчез за поддршката. И како сојузници во НАТО и како идни партнери во ЕУ, продолжуваме да придонесуваме за подобра, проевропска иднина на сите граѓани. Можеме, наведува Заев во објавата на македонски и на шпански јазик.

Санчез: Верувам дека по изборите С. Македонија ќе има проевропска влада предводена од Заев (ВИДЕО)

Санчез во видео обраќање испрати порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме”, што, како што вели, „ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ”.

– Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план. Драг Зоран, ти благодарам многу и ти посакувам многу успех, наведува Санчез во пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот