Заев: Таблата во МТСП е нова

„Сите видовме дека таму има нова табла. Сите знаеме дека старите табли преку уставните промени останаа. Некои ги уништија, а некои стојат. Но, има нова табла, рече претседателот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев денеска на прес-конференција“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на министерската за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека е подготвена да плати и казна до пет илјади евра само да не стави двојазична табла.

Заев посочи дека поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска има одржано прес-конференции и изјави со нова табла.

– Се работи за Устав и закон на државата. Зборуваме за правна држава, за Устав и за закон. Очекувам Владата предводена од СДСМ да преземе конкретни чекори, рече Заев.

За деталите околу тоа што ќе биде преземено во врска со ова прашање, Заев упати на премиерот Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот