Заев: Статистиката за ковид-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите

Статистиката за ковид-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите, тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини, порача премиерот Зоран Заев.

-Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што Собранието ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна! Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките- напиша Заев на фејсбук.

Прочитајте и...  Десет лица возеле пијани во Скопје

Нови рекордни 870 случаи на ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести преку кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Рекордни 870 случаи на ковид-19: Маска на отворено е задолжителна, групирање на отворено е забрането

Поврзани вести

Бајден ги номинира Блинкен за државен секретар и Кери за специјален пратеник за климата

И.И.

Германија нема да ги олесни рестриктивните мерки барем уште три недели

Слободен печат

Во Албанија 795 новозаразени,388 оздравени и 17 починати од Ковид-19

И.И.

Во ФБиХ продолжен полицискиот час за уште 14 дена

И.И.

Брнз: Бугарија и Македонија да ги решаваат споровите одвоено од процесот на евроинтеграции

Слободен печат

Гебрејесус: Постои ризик сиромашните да бидат прегазени во стампедото за вакцина

И.И.

Остави Коментар