Заев: Со Вучиќ и Рама се согласивме дека Скопје е навистина една поинаква приказна

фото Фејсбук

Со претседателот Вучиќ и премиерот Рама имавме прилика да го видиме новиот кеј покрај Вардар и со гордост можам да кажам дека се согласивме дека Скопје навистина е една поинаква приказна, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил

-Му благодарам на градоначалникот Петре Шилегов што ни беше домаќин на прошетката низ Скопје во пресрет на утрешниот прв Економски форум за регионална соработка.

Со претседателот Вучиќ и премиерот Рама имавме прилика да го видиме новиот кеј покрај Вардар и со гордост можам да кажам дека се согласивме дека Скопје навистина е една поинаква приказна.  Соработката помеѓу нашите три држави на граѓаните им носи огромни придобивки, а утре ќе најавиме нови иницијативи, ќе го објавиме името на овој нов балкански развој и ќе ја интензивираме соработката со потпишување на три договори од заеднички интерес, објави премиерот.

Претходно премиерот објави дека Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи, порача тој.

Косовската министерка тврди: Мини Шенгенот може да биде многу опасен за стабилноста и мирот на Балканот

Видео на денот