Заев: Со томосот што СПЦ го упати до Вселенската патријаршија, не постои пречка за прогласување на афтокефалност на МПЦ-ОА

Сараево Бизнис Форум
Зоран Заев на Сараево Бизнис Форум

Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина, сподели на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев по веста дека СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.

СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

„Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност, истакнува тој.

Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност. Со благословот и томосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална“, напиша Заев.

ГАЛЕРИЈА | Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје

Видео на денот