Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази уверување дека голем број граѓани ги препознале политиките на СДСМ во изминатите три години и дека веќе се определени за кого ќе гласаат.

-Нашата држава има ситуација во која мораме да избереме парламент. Свесни дека пандемијата ќе трае ние мораме да ги организираме државните институции. И покрај ваквите услови мислам дека преку кампањата допревме до голем број граѓани, преку вас медиумите, преку социјалните мрежи, преку помали собири. Во целиот овој период имаме голем фокус на голема политичка понуда, преку сите сегменти, платите, инфраструктурата, економијата… А од друга страна се води негативна кампања. Ние го исполнивме тоа дека ќе имаме позитивна кампања. Така и ќе продолжиме да работиме, ќе се посветиме на зголемувањето на платите и пензиите, на минималната плата до 20 000 денари, на просечната до 34 000 денари, ќе ги зголемиме повторно пензиите.. Ако сето ова го можевме во скратен мандат и во време на здравствена криза, сега во нов мандат сигурно дека знаеме и можеме повеќе. Јас верувам дека ние ќе им оставиме повеќе на нашите деца од тоа што ни оставија родителите, вели лидерот на СДСМ.

Прочитајте и...  Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

Верувам дека многумина ќе излезат на избори и додава дека има можност да гласаат и заразените од Ковид 19, кои се дома или во болница.

-Ние секој ден одиме насекаде како граѓани, се дружиме, пиеме кафе, пазариме… Затоа тие пет минути на гласачкото место нема да ни го нарушат здравјето. Едно мора да се знае, секој кој нема да гласа не и помага на татковината, ако не гласа му помага на режимот да може да се врати. Затоа ги повикувам граѓаните во што поголем број да ја исполнат својата одговорност и да и дадат патоказ на државата, нагласи Заев, додавајќи дека верува оти сите ќе се определат за мирна, стабилна и просперитетна држава.

Прочитајте и...  „Биди одговорен, однесувај се совесно" – кампања за заштита на водоснабдителниот систем во Скопје

Нагласи дека огромен дел од граѓаните знаат за чувството на одговорност што го поседуваат и изрази верување дека на 15 јули ќе го искористат своето право на глас и дека ќе има висока излезност на овие избори.

-Оној кој нема да го искористи својот глас, не и помага на својата татковина, со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим, да се вратат црнилата од кои верувам, конечно сите сме спасени, порача претседателот Заев.

Тој истакна дека на изборите в среда, на 15 јули, СДСМ и Коалицијата Можеме се најсигурната опција и најголемата гаранција дека државата ќе продолжи на правиот пат, пат на раст на платите и пензиите, економски развој, развој на инфраструктурата.

Прочитајте и...  Хајко Мас: Белоруските власти под итно да ги ослободат уапсените демонстранти и новинари

-Ги повикувам граѓаните, на 15 јули да го искористат своето право на глас, на гласање кое ќе биде безбедно за здравјето да дадат правец и патоказ на државата и потоа заедно да покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро, додаде Заев.

Прочитај повеќе

Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателски кандидат

Слободен печат

Шведско-норвешка двојка се венчаше на граница поради пандемијата

Слободен печат

Запленети над 100 тони кокаин во Холандија: Полицијата откри нарколабораторија во штала (ВИДЕО)

Слободен печат

Германија се сомнева во квалитетот и безбедноста на руската вакцина

Слободен печат

По судска наредба објавена уште една снимка од Џорџ Флојд: Ново шокантно видео од неговите последни моменти (ВИДЕО)

Слободен печат

Осуда од САД за „безумните” насилствата извршени од власта во Белорусија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Помпео: Авторитаризмот сѐ уште живее во Русија, Кина и Иран

Слободен печат

Мексико: Почнува трета фаза испитување вакцини од САД и Кина

Слободен печат

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување

Слободен печат

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Несреќа во Мексико: Се преврте автобус, загинаа 13 лица (ВИДЕО)

Слободен печат

Франција покрена истрага за ТикТок

Слободен печат