Заев: Со приватизација на некои од државните претпријатија тие имаат потенцијал да растат и да бидат европски

Постапките за приватизација или за јавно-приватно партнерство во претпријатијата кои се во државна сопственост, според премиерот Зоран Заев треба да се отпочнат и да се завршат, бидејќи тие имаат потенцијал да растат и да бидат европски, а при тоа и да го зголемат БДП и да осигураат поголеми плати и да бидат компетитивни и на регионалните и на европските пазар.

– За Македонска пошта имаме стартна документација, за Македонски железници – транспорт има обезбедено документација, за ТЕЦ Неготино ќе се изработи физибилити студија во наредните месеци. Верувам навремено ќе ги завршиме овие постапки, без разлика дали ковид опстојува или е во одминување или нема сигнали да одмине, ние мислиме дека овие постапки треба да ги отпочнеме. Тоа се наши потенцијали кои може да растат и да бидат европски и да го зголемат и БДП и да осигураат поголеми плати и да бидат комептитивни на регионалните и европски пазари, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Истакна дека има огромен интерес, особено за ТЕЦ Неготино, заради географската лоакција, да се искористи. За Македонска пошта рече дека има свој потенцијал со приватен партнер ќе може да се осовремени, согласно новите техники, додека за Македонски железници, потенцијалот го ггледа во тоа што Република Северна Македонија станува значајна раскрсница со сериозен економски интерес и меѓу кои и искористеноста на железничкиот транспорт ќе биде уште поголема.

Запрашан за испраќањето економски промотори во дипломатско-конзуларните претставништа на земјава, рече дека очекувањата му се исклучително позитивни и дека преку тоа се очекува да се зајакнат севкупните капацитети.

-Со години се дебатираше за оваа активност. Се работи за економски советници во ДКП-ата на наши клучни дестинации, каде како тим со амбасадорот и други советници во амбасадите ќе направиме дополнителна можнсот за да ги запознаеме нашите странски потенцијални инвеститори и компании и да ги привлечеме да инвестираат, но и да ги промовираме наши производи за да отвориме нови пазари, кои дефинитивно би ја зголемиле нашата продуктивност. Моите очекувања се исклучително позитивни и верувам дека ќе успееме и преку нашите амбасади и економски советници да ги зајакнеме севкупните капацитети. Модерна дипломатија е насочена кон економско претставување, изјави премиерот Заев.

МНР ќе испраќа економски советници во земјите со најголем потенцијал за соработка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот