Заев со порака до винариите: Останете на договорените откупни цени

Генералниот секретар Љубчо Николовски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Винариите да останат на договорените откупни цени од 11 денари за „Вранец” и 9 денари за „Смедеревка”, а државата ќе интервенира со ветените четири денари поддршка за овие две сорти и дополнително со два денара за високосортното грозје, изјави премиерот Зоран Заев по денешниот два и пол часовен состанок со лозарите во Кавадарци.

– Дополнително остануваме на супституција на транспортот, односно околу 20 проценти на транспортните трошоци на наливното вино, 30 проценти на супституција на транспортните трошоци на флашираното вино. Ја отворивме и новата можност за сите откупувачи да можат да откупат винско грозје и да го извезат како винско грозје. Тоа е стимулативна мерка која денеска е понудена. Ако откупат 12 милиони килограми, ќе добијат два денара субвенција, ако се откупат и извезат меѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат три денари, а доколку откупат повеќе од 25 милиони килограми, директно ќе добијат четири денари, изјави Заев.

Најави дека лично ќе разговара со менаџментот на „Тиквеш” кој, како што рече, треба да го понесе најголемиот товар како најголема меѓу винарските визби.

– Низ разговор и со сите детали да ги изнајдеме решенијата затоа што на крајот сите треба да понесеме на свој грб и да ја пребродиме оваа криза. Верувам дека најголемата македонска визба ред е да понесе најголем дел од товарот,  рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот