Заев: Со мојот брат Борисов ги храбриме комисиите да работат низ историските прашања

Зоран Заев, Премиер на РС Македонија

Подобар договор од Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година не можеме да постигнеме со Бугарија. Тоа го знае македонската страна, а верувам и бугарската, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Постојат соодветни алатки и начини на решавање на ова прашање со јавна изјава, со писмена изјава, со декларација, со договор, анекс на договор и слично, а да не биде договор на договор. Ние имаме одличен договор кој беше основата за да се постигне и Преспанскиот договор. Во самиот договор има храбри исчекори од двете страни, зборувања за двата народи, за нашиот македонски народ, потпишани на нашиот македонски јазик, а секако зборуваме и за заедничката историја, рече Заев, во одговор на прашање на денешната прес-конфереција во Владата.

Тој посочи дека тоа се храбри чекори кои се направаени од бугарска и од македонска страна и додаде дека во договорот е детално опишано како во иднина да се пронајдат сите заеднички атрибути од заедничката историја за, како што рече, да не сплотуваат и да го градат добрососедството и пријателството и да ја унапредуваат соработката.

-Не верувам дека постои подобар договор меѓу Северна Македонија и Бугарија што би можел да се постигне и верувам дека тоа го знае и бугарската страна, а ние го знаеме како македонска страна. Постојат начини како да се решат разликите и дипломатијата ги познава. Верувам дека ќе употребиме еден од начините двете страни да бидат задоволни и да ги држи подеднакво среќни, посочи Заев.

Тој нагласи дека последен пат со бугарскиот колега Борисов разговарал на една недела пред празникот 11 октомври.

-Разговаравме со мојот пријател и брат за многу актуелни теми меѓу кои и оваа, но и за економската соработка, за ковид-помошта меѓу двете земји, за Берлинскиот процес каде земја кандидат првпат е коорганизатор и дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат со работа и низ историските прашања да наоѓаат решение, рече Заев.

Доколку е неопходно, додаде, не е на одмет кога и да биде потребно повторно да ги завртиме телефоните по било чија волја, негова или моја и да поразговараме.

Заев: Подготвени да ја исполниме нашата ЕУ агенда, нема да дозволиме причини за нови одлагања (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот