Заев со лидерите на НАТО на прием кај кралицата Елизабета Втора (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев на Твитер објави фотографија од лидерите на НАТО, на прием кај кралицата Елизабета Втора во Бекингемската палата.

Приемот се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО.

-Официјална фотографија од нејзиното височество кралицата, принцот од Велс, генералниот секретар на НАТО и шефовите на држави и влади од земји кои ја формираат Организацијата на Северноатлантскиот договор во Бекингемската палата- напиша Заев.

Премиерот на Северна Македонија, ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО во Лондон, на кој се одбележува 70-годишнината од Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот