Заев: Со изборот на преодната влада и со Оливер Спасовски, извршната власт е во сигурни раце

Оваа преодна Влада, порачува лидерот на СДСМ и досегашен премиер, е во сигурни раце и кога е во прашање континуитетот на напредокот на земјата кој бележи силен нагорен тренд.

Со изборот на преодната влада и со Оливер Спасовски на нејзино чело, извршната власт е во сигурни раце, особено кога станува збор за нејзината првенствена обврска да се организираат фер, демократски и ефикасни избори кои ќе обезбедат брза и легална институционална постапка за избор на нова влада, објави на својот фејсбук профил Зоран Заев.

Оваа преодна Влада, порачува лидерот на СДСМ и досегашен премиер, е во сигурни раце и кога е во прашање континуитетот на напредокот на земјата кој бележи силен нагорен тренд.

– Сега сите политички структури во Владата имаат обврска да обезбедат натамошно јакнење на институциите, а не опструирање внатре во институциите. Апелирам опозицијата да биде одговорна и да не го злоупотребува овој преоден период. Влегуваме во година во која со нова изборна победа СДСМ ќе продолжи да го прави најдоброто за секој наш граѓанин за да потврдиме дека големите успеси не беа случајни, туку дека се здрави насоки за избраниот, исправниот пат, објави Заев.

Северна Македонија и македонските граѓани, целата наша нација е достојна за евро-атлантското семејство на сојузници и пријатели. Граѓаните се знаменосци на прогресот и на демократските вредности и токму тие со одлуката на 12 април ќе бидат засилувач на нашата внатрешна и надворешна интеграција, објави Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот