Заев: Со Груевски се договориме за пржинска влада, за СЈО, со Мицкоски едно нешто не може да се договори

Пакетот на антикризни мерки е за доброто на граѓаните, да ја спасиме економија, да го задржиме стандардот и за заштита на честа на родителот пред детето. За тоа се работи. Не е се за критика, нешто е за поддршка, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Стар во врска со обвинувањата на опозицијата за четвртиот пакет мерки за справување со последиците на корона-кризата.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ „тера голо критизерство без аргумети”, потенцирајќи дека лидерот на партијата, Христијан Мицкоски излезе на прес-конференција пола час по објавување на мерките, тврдејќи дека не се добри.

– Немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини, вика ништо не е тоа, а пуштаме пакет од 470 милиони евра, нагласи Заев.

– Не може да седнете со Мицкоски да се договорите. Тој разговара за да не се договара, во изминатиот период од три години колку е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ една работа не договоривме, со Груевски договоривме пржинска влада, специјално обвинителство, нема ни една работа што е договорена со Мицкоски, додаде Заев.

Премиерот истакна дека опозицијата треба будно да ја следи работата на власта, коректив на нејзината работа, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува со злокобни зборови на омраза и „Владата уште не беше избрана излегоа на протести”.

– Тоа можам да го објаснам само со самобендисаност, нарцисоидност, фрустрација само да се додржи во фотелјата во Белиот дворец, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се гази пред себе. Тоа не  добро. Ако опозицијата е слаба – лошо е за државата, лошо е за СДСМ. Да има добра опозицијата е ќар за граѓаните. Ние можеме да продолжиме и вака, државата пак ќе оди напред и СДСМ ќе победува, ВМРО ќе губи.Но, посакувам да работам заедно со опозицијата, да почувствува дека сите заедно сме одговорни, истакна премиерот Заев во интервју за штипската телевизија Стар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот