Заев со европските лидери се консултира за оставка

Премиерот Зоран Заев оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан.

Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите. Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени, велат од Владата.

Од Владата појаснуваат дека во тек се консултации на различни нивоа, во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

-Одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом има одлуки истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста, брифираатод Владата. Но, не ги демантираат и не ги потврдуваат написите дека Заев ќе си поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот