Заев: Со членството во НАТО се отвораат нови перспективи и инвестициски можности за компаниите

Предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, владините мерки и политики за поддршка на бизнисот, инвестициските можности што ги нуди нашата земја и актуелните проблеми на кои посочуваат компаниите во вршењето на дејноста на деловните субјекти, како и начините на нивно решавање беа тема на разговор на денешната работна средба на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) со премиерот Зоран Заев и министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Љупчо Николовски и Арбер Адеми.

Премиерот Заев, информираат од СКСЗМ, во своето обраќање даде осврт кон економскиот амбиент во земјата и новите перспективи и инвестициски можности што се отвораат пред компаниите со членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, но и преку мерките за поддршка од економски политики кои значително го поддржуваат растот и развојот на конкурентноста на домашните компании.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа порача дека јавно – приватниот дијалог што е воспоставен со Владата на Република Северна Македонија е важен за унапредување на соработката и за изнаоѓање на заеднички решенија кои ќе бидат во интерес на компаниите и на граѓаните на Северна Македонија.

Сите претставници од СКСЗМ имаа можност да постават прашања за теми што се од интерес на бизнис заедницата и за надминување на одредени состојби. Во рамки на оваа работна средба беа потврдени заложбите од двете страни за взаемна поддршка и соработка која ќе биде во функција на интензивирање на економскиот раст на земјата како важна цел за раст на приватниот сектор и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот