Заев со честитка до Бајден и Харис: Верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото

Џо Бајден и Зоран Заев / Фото: Архива на „Слободен печат“

Премиерот Зоран Заев им го честита стапувањето на должност на претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис.

Заев им посакува мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат и мандат, како што вели во објава на Фејсбук, во кој е сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира.

– Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани, напиша Заев на својата Фејсбук страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот