Заев: Случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев денеска го пречека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со кого имаше средба, а потоа и заедничка прес-конференција.

Тој соопшти дека случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите, а дека институционалното разрешување на овој и на сите клучни случаеви ќе ја докажат независноста на судството и јасната политичка волја за борба против корупцијата.

– Обврските за спроведување на понатамошните резултати продолжуваат, особено во областа на владеењето на правото. Во решавањето на предизвиците со кои се соочуваме целосно сме ангажирани во согласност со европските вредности и стандарди. Во тие рамки ја гледаме и дебатата за Законот за јавно обвинителство – соопшти премиерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот