Заев следниот петок ќе оствари виртуелна средба со Фон дер Лајен

Урсула фон Дер Лајен / СП. архива

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, соопшти дека претседателката Урсула фон дер Лајен ќе оствари виртуелна средба со македонскиот премиер Зоран Заев во петок, 13 ноември, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен и Заев требаше да се сретнат физички кон крајот на октомври, но средбата беше откажана поради рестрикциите за Ковид-19 во Белгија и самоизолацијата на претседателката, по контакт со позитивен на вирусот.

Средбата е сега конечно закажана за идниот петок. Ова ќе биде нивна прва средба од последните парламентарни избори во Северна Македонија, и неколку дена пред клучниот министерски состанок на ЕУ на кој треба да биде усвоена преговарачката рамка на Унијата со Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот