Заев: Следи ново поголемо покачување на минималната плата (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев, на денешната трибина од Куманово изјави дека ја зголемиле минималната плата за повеќе пари во семејните буџети, но и најави ново големо зголемување.

– Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети. Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значано покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе“, објасни Заев.

Според премиерот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со напредокот, тоа што на чекор сме од почеток на преговори и затоа со разни сценарија и конструкции се обидуваат да ја спречат интеграцијата во ЕУ и НАТО.

– Им порачувам на оние кои повеќе ги сакаат кривите патишта, беспаќата и слепите улици, отколку да ни се приклучат на правиот пат, дека национализмот е оддамна излезен од мода. Треба да знаат дека на светот постојат разни отрови, но нема поголем отров од национализмот, порача Заев.

Во обраќањето Заев се осврна и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

– Оние од ВМРО ДПМНЕ имаат три основни проблеми и тоа со срцето, со душата и со петите. Прво, срцето им се кине ако започнеме преговори со ЕУ. Второ, душата ги боли ако станеме земја-членка на НАТО, и трето, имаат сериозно оптоварување на петите, бидејќи со разни сценарија и конструкции, од петни жили напнуваат да го спречат и едното и другото.

Зошто? За да не се случи тоа во времето на Заев и СДСМ. Добрите дела треба да останат безимени во интерес на татковината и во интерес на сегашните и идните генерации кои живеат во Северна Македонија. Се друго е минливо, порчаа претседателот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот