Заев: Сите сме свесни зошто референдумот е важен

Сите сме свесни зошто референдумот беше важен заради членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање каде сме една година по рефернумот, што се одржа лани на денешен ден.

-Наскоро ќе станеме 30 членка на НАТО, уште седум држави не го ратификувале протоколот за нашето членство. Очите се вперени во Шпанија каде има избори, но очекуваме и таму навреме да заврши процедурата. На референдумот 610.000 граѓани дадоа поддршка, ниту една партија нема добиено толкава поддршка. Жал ми е што опозицијата ни тогаш ни сега не дава свој придонес – рече Заев.

Тој рече и дека е оптимист по прашањето за тоа дали Франција и Холандија ќе дадат поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

-Ја користам секоја можност за да добијам информации и може да кажам дека сум оптимист. Холандија и Франција имаат внатрешна дебата – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот