Заев: Сите кои употребија насилство и го организираа во Парламентот се пред судот на правадата

Секој што е виновен, секој што правел насилство, секој што правел криминал, ги кршел законите , треба да одговара пред Законот и пред правдата, вели Заев.

Сите што употребија насилство и кои го организираа 27-ми март во Собранието се пред судот на правадата, истакна лидерот на СДСМ, Зорaн Заев, кој одговори на новинарско прашање зошто се уште насилниците кои учествуваа во овој настан се уште не се казнети.

-Со Законот за амнестија преку Парламентот, а не преку притисоци и влијанија на правосудството, преку Парламентот јасно направивме разграничување на сите тие што користеле насилство и го употребија насилството и се влезени во организација на тоа насилство и на сите оние што беа изманипулирани. Тука беа пратеници и илјадници граѓани изманипулирани коишто влегоа внатре. Затоа се донесе Законот за амнестија да се направи јасно разграничување, вели Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека  тие што беа изманипулирани, без разлика дали  се пратеници или граѓани коишто, како што рече, влегоа и прошетаа во Собранието без да прават какво било насилство беа амнестирани со Законот за амнестија на транспарентен начин во парламентарна демократија преку највисокиот дом – Парламентот.

– Сите коишто употребија насилство, коишто го организираа тоа насилство се извлечени пред судот на правдата, голем дел од нив се осудени, дел траат се уште судски процеси и тоа е јасно. Затоа секогаш се што сме работеле сме работеле на јасен видлив и транспарентен начин. И треба да се прави јасна дистинкција и разграничување – секој што е изманипулиран, секој што не е виновен не треба да биде осуден. Секој што е виновен, секој што правел насилство, секој што правел криминал, ги кршел законите , треба да одговара пред Законот и пред правдата, вели Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот