Заев: Сите кои профитираа во минатото, најбогатите, мора да го понесат најголемиот товар од економската криза

Приходите на државата паднаа драстично. Се очекува почетокот на април да бидат меѓу 30-40 отсто, значи ќе фалат околу 60 отсто од приходите. Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не движиме, не се плаќаат ниту сметки

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска упати порака дека најбогатите во државата се оние кои најмногу треба да го понесат товарот од економската криза при справувањето со Ковид 19, во услови кога државата оперира со преполовен буџет.

-Приходите на државата паднаа драстично. Се очекува почетокот на април да бидат меѓу 30-40 отсто, значи ќе фалат околу 60 отсто од приходите. Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не движиме, не се плаќаат ниту сметки. Голем дел на производсвените капацитети се затворени или хибернираат, затоа не се плаќа и данок кон државата. И ако за тоа не го подготвиме нашиот народ, тогаш сме голи популисти и само бркаме политички поени. Кратењето мора да се случува од секаде затоа што 60% немање приход, значи недостаток да ги финансираме сите расходи. И да најдеме други пари, пак мора да кратиме од дома. И да се шири гол популизам не е во ред. Големите земји ги земаа парите и сега има се помалку пари и се надевам дека ќе најдеме евтини пари и треба чесно да кажеме дека мора да кратиме. Колку побрзо носиме храбри одлуки за солидарност, толку побрзо ќе излеземе од тешката економска криза, изјави Заев.

Како што вели тој, мерките кои СДСМ ги предлага до Владата можеби не им се допаѓаат на сите, но државата би влегла во сериозна криза доколку дојде до тоа да крати здравствени трошоци, односно ако Фондот не може да плати на болниците и аптеките.

Прочитајте и...  Мета му порача на владејачкото мнозинство, доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти Парламентот

-Тоа ќе значи дека нема лечење и нема лекови. Тоа мора да биде последно. Полицијата и војската мора да функционираат. Сите основни дејности на државата мора да функционираат. Ако не направиме рационализација внатре нема да ни биде лесно и тоа ќе трае подолго. Најбогатите треба да го понесат најголемиот товар, затоа кратењето е таму најголемо. Предложено е во време кога најмалку три месеци ќе бидат одложени наплатите на кредитите, работата на извршителите… А компаниите кои профитираа во минатото сега ќе треба да го понесат најголемиот товар. Очекувам богатите да си ги авансираат своите давачки кон државата, да се бркнат во џебот и да постапат солидарно. Кога ќе ги враќаме кредитите, секако дека побогатите и посилните ќе плаќаат повеќе. Тие што отпуштиле работници нема да добијат поддршка од државата. Мора да го сочуваме секое работно место, потенцираше лидерот на СДСМ.

Според него, погрешно е што неговата изјава за платите во администрациајта била извадена од контекст, а мерките кои неодамна ги предложил доаѓаат од СДСМ до Владата и не значи дека Владата ќе ги прифати сите.

-Таа треба да ги слушне мерките од сите партии и од експертите. Излегов да соопштам мерки кои значат и мерки за штедење. Владата веќе неколку дена дискутира. Верувам дека нема се да биде прифатено. Ние работевме со многу експерти за да можеме да ги предложиме овие мерки, но Владата е таа која што ќе донесе одлуки. Популистите и оние кои бркаат политички поени ги отфрлаат овие мерки. Но некој треба да води грижа за државата. И ние се бориме на пазарот на гласови, да го заслужиме нивниот глас, но кога доаѓа тешко време некој треба да ги соопшти и тие непопуларни мерки. Жалам што дебатата се насочи кон намалувањето на платите на администрацијата. Главниот пакет беше како да и се помогне на економијата. Самиот пакет мерки се основа на кратењето на непродуктивните трошоци на Владата. Првиот чекор е кратењето на непродуктивните трошења, вториот е заштеда преку огромните трошоци кои одат на плата. Верувам дека ако ваквите солидарни мерки се прифатат, поспремно ќе се справиме со кризата, вели Заев.

Прочитајте и...  Виц на денот: Прашања

Во денешното јавување во Утрински брифинг, Заев воедно упати и честитки до македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, на сите институции кои покажале, како што вели, доблест да се решат крупните прашања и со соседите и да помогнат во економските реформи и домашните, за одлуките според кои Северна Македонија доби две големи одлуки, односно членство во НАТО и отпочнување преговори ЕУ.

-ЕУ вчера преку Советот на министри (ГАК) ја донесе одлуката каде безусловно донесе одлука за почнување на преговорите и штом помине корона вирусот да се започне со меѓувладина конференција. Обезбедивме иднина на децата и на идните генерации преземајќи храбри чекори, пред се Парламентот, Владата, народот, медиумите…покажавме дека можеме да бидеме европска земја. Ако било лесно сите овие 29 години ќе беше решено. Беше еден горлив проблем кој моравме да го решиме, сочувувајќи го македонскиот идентитет и јазик. Не им беше лесно на пратениците кога се гласаше Договорот од Преспа, некои беа изложени на притисок и тоа не смееме да го заборавиме, но двете големи стратешки цели на државата ги исполни овој парламентарен состав и оваа Влада, а Европа конечно ја исправи историската грешка, изјави Заев.

Прочитајте и...  Мицкоски во одбрана на Јанкулоска: Ја судеа без докази, затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

Посочи дека се работи за заеднички успех и земјите партнери, Западот, членките на НАТО и ЕУ, кои во услови на криза го продолжија процесот.

Рече дека сега не е време да се водат битки меѓу власта и опозицијата но изрази разочараност што опозицијата не и чеситала на својот народ.

-Очекував честитка за македонскиот народ но овој пат не се јави опозицијата. Ова е процес кој започна 2001 година, ова е успех на повеќе генерации. Очекував искрено да се честита, да се израдува и опозицијата, бидејќи има битки кои ќе ги водиме, особено во економијата, но ова вчера беше ден на радост и разочаран сум што не честитаа. Не видов таква желба кај нив, напомена премиерот во оставка.

Заев меѓу другото смета дека се реални очекувањата до 2024 година, 80 отсто од поглавјата со Европската Унија да бидат отворени, а голем дел и затворени, а за тоа побара поддршка за искористување на сите ресурси кои ги има државата но и носење на храбри одлуки.

Прочитај повеќе

Хафтар: Ќе ги отвориме нафтените полиња за да ја обезбедиме иднината на Либија

Слободен печат

Советот за човекови права на ОН усвои Резолуција за Белорусија

Слободен печат

Германското МНР за бугарскиот меморандум- историјата нека им остане на историчарите

Слободен печат

Димитров: Бугарија во членот 2 од Договорот за пријателство има обврска да ни помага во процесот на европска интеграција

Слободен печат

Ковачев: Гоце Делчев е на Македонија, никој не сака да и го земе, тој е и на Бугарија

Слободен печат

Над 13 илјади заразени во еден ден во Франција, во Париз заразата се шири најбрзо

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Атина „цвета“ короната, 40 отсто од вработените ќе работат од дома, се откажуваат концерти и кино проекции

Слободен печат

Претседателот на Гватемала заразен со ковид-19

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски и неговиот шеф се криминалци

Две брачни двојки пријавиле 1.200 лажни бремености, од француските власти извлекле близу два милиони евра

Слободен печат

Џонсон: Доаѓа втор бран, се плашам дека е неизбежен

Османи: Нема да дозволам сопки и емоции да влијаат на патот кон ЕУ, верувајте во тоа

Слободен печат