Заев: Секое одложување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, економијата и демократијата

Тој очекува ВМРО – ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.

Секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за мкд.мк.

Заев меѓу другото подвлекува дека не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред се “.

– Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни  бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се  повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни мерки да го заштитат, посочува Заев.

Тој очекува ВМРО – ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.

– Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжууаат и изборните активности, истакнува во интервјуто лидерот на СДСМ Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот