Заев: Сега е вистински момент да се излезе на избори и тоа од здравствен, економски и од демократски акспект (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање даде коментар за извинувањето на Христијан Мицкоски го граѓаните, затоа што имале лидерска средба, а самата лидерска средба е свикана токму поради него.

-Мицкоски треба да се извини за повеќе работи. За жал не се усогласивме за датум на оваа средба. Сега е вистински момент да се излезе  на избори и тоа од здравствен акпект, од економски аспект и од демократски акспект. Тоа го потврдуваат и препораките од Комисијата за заразни болести, тоа го потврдуваат и законските рокови, уставните одредби, дури и мисијата ОБСЕ/ОДХР- рече Заев.

Заев прочита дел од Извештајот на Комисијата за заразни боилести, каде се вели дека се гледаат добрите ефекти, од рестриктивните мерки, во фаза каде не работат школите и градинките и имаме затворени граници.

-Ситуацијата со ковид-19 ќе потрае, се до пронаоѓање на вакцината, пред нас е период во којшто треба да научиме да живееме со вирусот, па заклучуваат дека како минува време се повеќе се зголемува ризикот од појава на втор бран, со зголемување на бројот на пациентите – се вели во Извештајот на Комисијата.

ОБСЕ/ОДХР е подготвено да се расподери, веднаш штом се утврди датумот за изборите, притоа водејќи сметка на патните ограничувања- рече Заев.

-Неодговорноста, незрелоста и мислење само на партиската фотелја на Мицкоски, нè доведе до тоа да нема договор со консензус, наместо да се стават интересите на држѓавата и граѓаните на прво место, за Мицкоски и ВМР)-ДПМНЕ се партиските калкулации и страв од избори. Сакаат да се одолговлекуваат здравствената и економската криза, за да креираат нова политичка криза. Ние тоа нема да го дозволиме- рече Заев.

Изборите се одредени, истакна тој, по завршување на вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија.

-Сметаме дека можеме да организираме избори. Техничката Влада чија првенствена улога е да организира избори паралелно со мерките за заштита на граѓаните треба да ги рестартира и предизборните процеси за органзизирање слободни, фер и демократски избори, со целосна заштита на здравјето на граѓаните. Очекувам да се подготват и сите процеси на институции задолжени за изборите, пред се на ДИК, рече Заев.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот