27.8 C
Скопје

Заев се враќа со полн куфер креативни идеи од Мицотакис

Премиерот не откри за какви позитивни идеи станува збор, но верува дека ќе се најде решение со Бугарија затоа што „проблемот не е од таква природа каде што би можел да биде пречка“.

Премиерот Зоран Заев од Грција во Македонија се враќа со куфер полн со „креативни“ идеи за решавање на спорот со Бугарија, дадени од грчкиот колега Кирјакос Мицотакис. Македонскиот претседател на Владата ова го кажа во интервјуто за МИА од Атина, каде со владина делегација учествува на економскиот форум „Делфи“.

Заев не откри за какви „позитивни“ идеи станува збор, но верува дека ќе се најде решение со Бугарија затоа што „проблемот не е од таква природа каде што би можел да биде пречка, имајќи предвид дека допрва се отвораат 35 поглавја, и на отврарање и на затворање се носат одлука од сите земји членки“.

За блокадата од Софија, Заев вели дека тоа е проблем и предизвик, не само за нас, туку и за ЕУ, и за Бугарија, и за Грција како земји-членки.

– Премиерот Мицотакис разви неколку идеи, благодарен сум за креативноста која ја понуди. Не можам да ги коментирам, затоа што тие тоа треба да го направат. Но за нас се исклучително позитивни. Драго ми е што шефот на Владата на Грција, не само што помага, туку што Грција е гласна и во Советот на министри и работи за интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ. Сега покажува и дополнителна креативност, за што сум позитивно изненаден, на многу пријателски и на прагматичен начин. Верувам дека може да биде само од помош, а може ќе биде и решение на проблемот. Убаво е чувството кога имате пријатели. Верувам дека низ дијалог се постигнуваат решенија – рече Заев.

Говорејќи и на „Делфи“ економскиот форум, Заев изрази оптимизам дека ќе се најде решение со Бугарија и дека наскоро ќе се договори меѓувладината конференција со Брисел.

– Проблемот со Бугарија е измислен, па дури и смешен, но решение мора да се бара, бидејќи тоа е добро и за Бугарите и за Македонците – рече Заев на форумот во Атина.

Нема никаква штета од политички и државни средби на високо ниво, развивањето на меѓудржавните односи помеѓу Грција и Северна Македонија не смее да биде оставено само на трговска размена и соработка на деловните заедници од двете држави. На обете држави им треба засилена политичка соработка особено што на истата сме обврзани со Спогодбата од Преспа смета Андреј Стојковски од „Институтот Преспа“.

– Средбата помеѓу премиерите Заев и Мицотакис е, односно секогаш ќе биде одлична можност да се развива понатаму соработката и да се договараат нови нивоа и форми на истата. Средбата покажува дека надминувањето на долгогодишниот спор не беше само поради идеолошката сродност со тогашниот премиер Ципрас, туку поради разбирањето на државните интереси на двата народи. За мене клучната придобивка во овој момент е цврстата позиција на Грција дека не се согласува со раздвојување на портфолијата на Албанија и Северна Македонија во преговорите – вели Стојковски.

Заев и вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи во Атина остварија средба и со поранешниот премиер на Грција и актуелен лидер на Сириза, Алексис Ципрас. Притоа Заев и Ципрас изразиле задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко, и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу држави.

Поранешниот премиер на Грција, на средбата изразил силна поддршка за Македонија за почеток на преговорите за членство со ЕУ. Било заклучено дека ЕУ треба да испорача кон земјите како Македонија кои покажаа сериозни резултати на европскиот пат и со тоа да се оневозможат нови политички засилувања на националистичките и деструктивните политички чинители на Западен Балкан и во Европа.

Поврзани вести

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

Слободен печат

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Приведен дилер од Битола, пронајдени кокаин и марихуана

Слободен печат

Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на Гутереш

Слободен печат

Остави Коментар