Заев се сретна со Марковиќ: Традиционалните пријателски односи продолжуваат (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, како и заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, како дел од програмата на дводневната официјална посета.

Двајцата премиери потоа одржаа тет-а-тет средба на која разговараа дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план на стопанствениците на Северна Македонија и Црна Гора.

Премиерот Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за Претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија.

Двајцата премиери со силно одобрување и надеж ја очекуваат заедничката седница меѓу владите на двете земји, и посебно резултатите од Бизнис Форумот во организација на стопанските комори на Северна Македонија и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот