Заев се сретна со кинеската амбасадорка: Се развива економската соработка меѓу двете земји

Македонија и Кина имаат добри билатерални односи, во изминатите две години забележан е напредок во соработката, особено во областа на економијата, образованието и културата, беше заклучено на пријателската средба меѓу премирот Зоран Заев и амбасадорката на Кина, Јин Лисјен, која го завршува мандатот во земјава.

Од владината прес-служба соопштија дека на средбата биле поздравени личните заложби на премиерот за реализација на изградбата на двата автопата, со кинеска поддршка, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Констатирано е дека премиерот прави видливи напори со резултати во економскиот развој и во социјалните политики и дека преку конструктивните политики, на конкретно ниво придонесува за доброто на државава и за граѓаните.

– Уверен сум дека преку процесот „17 + 1″ само ќе се јакне соработката на економски план, којашто веќе се реализира со отвореноста за нови кинески инвестиции во земјава, а расте и трговската размена. Тоа е резултат на воспоставениот дијалог на високо политичко ниво меѓу Македонија и Кина – рече Заев, кој оцени дека за тоа голем придонес има успешната соработка со амбасадорката на Кина, Лисјен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот