Заев: Се радувам што сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на смртноста кај новороденчињата

Фото: МИА

На Светскиот ден на предвреме родените деца, радосен сум дека оваа година сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на смртноста кај новороденчињата, вели премиерот Зоран Заев.

-Преку системски пристап, со сериозен план и организација, инвестиции во опрема, вложувања во едукација на персонал и нивно доусовршување, за речиси 50 отсто е намалена неонатална, перинатална и доенечката смртност- напиша премиерот на својот Фејсбук профил. 

Горд сум на нашиот стручен тим, вели Заев, кои на најмалите им даваат соодветна грижа, уште од првиот момент од нивното раѓање.

Продолжува намалувањето на процентот на смртност на предвремено родените бебиња на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ако се земе предвид дека во 2016 година изнесуваше 25 отсто, во 2017 година – 21 отсто, во 2018 година – 16 отсто, а во 2019 година – 12 отсто, годинава тој изнесува 11,1 отсто, истакна директорката на Клиниката, Викторија Јовановска и изрази надеж дека до крајот на годинава тој процент уште повеќе ќе се намали.

Македонија е меѓу првите земји во светот каде има најголемо намалување на новороденечката смртност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот