Заев се повлече – Нема да биде министер за финансии
Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, рече премиерот Зоран Заев предмалку од собраниската говорница. Како што нагласи, Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде истовремено и министер, но, како што рече, кога е отворена дилема и дебата, треба да се послушаат сугестиите на опозицијата, но и на Антикорупциската комисија.
– Му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Кога е отворена дилема и дебата, власта, премиерот и сите, треба да ја слушнеме опозицијата, но и телата како Антикорупциската комисија – рече Заев.
Тој ќе раководи со министерството за финансии до изборот на нов министер.