Заев се пошегува на средбата со Борисов во Познањ (ВИДЕО)
Премиерот Зоран Заев, во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Познањ, се сретна со бугарскиот колега Бојко Борисов. Заев, како што пренесе Блиц.бг бил придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Разговорот на тема за времето започнал слободно и без преведувач.
– Како е во Скопје – прашал Борисов.
– Многу топло – рекол Димитров.
– Ние џабе сме Северна Македонија, температурата пак е 40 Целзиусови степени – се пошегувал Заев и го насмеал бугарскиот премиер кој додал дека во Софија е исто.
Среща с премиера на Република Северна Македония Зоран Заев
Publiée par Boyko Borissov sur Vendredi 5 juillet 2019
На крајот на Самитот во Познањ, премиерот Заев ќе одржи заедничка прес конференција со полскиот домаќин Матеуш Моравијецки, со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со германската канцеларка Ангела Меркел.