Заев се огласи на Фејсбук: Мијалков се пријави во ЈО, правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто

Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук-профил информира дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството за организиран криминал и оти обезбеден е неговиот домашен притвор.
– По преземената акција, објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех – Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор. Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто, напиша тој.
Заев посочува дека ќе следува и негова изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот