Заев се налути: Никој нема потреба да понесе одговорност

Премиерот Зоран Заев не смета дека треба некој да понесе одговорност за доцните реакции за рестрикции, односно воведување на нови построги мерки за кои подолго време во јавноста се апелираше.

– Кој сакате да понесе одговорност? Каква одогворност, кажете конкретно. Сакате Заев да поднесе оставка, или министерот Филипче да поднесе оставка, или Милена од Инфективна? – и се обрати премиерот на новинарката на Телма.

– Оставката не е проблем , горчина е секаде во душите. Нема потреба никој да понесе одговорност. Сите се херои од Министерството за Здравство до последниот здравствен работник. Јас ќе делам буквално медали за сите. Ако мислите дека тоа ќе ја промени состојбата, апсолутно не. Тука сме да им служиме на граѓаните, тоа е чест и одговорност во овие тешки моменти. Да носиме предвреме мерки и да правиме штета на економијата нема потреба. Еве сега носиме мерки кога треба, посочи Заев.

И Д-р Караџовски во врска со поднесувањето одговорност, ја спореди ситуацијата со таа во светот дека граѓаните не барале оставка од Борис Џонсон или Ангела Меркел, поради зголемениот број на новозаразени случаи од коронавирус.

-Ова се тенденциозни работи и очигледно алудирате на Комисијата, ние анализираме постојано и во истиот момент го информираме министерот Филипче, додаде Караџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот