Заев: Се надевам Тамара сите ќе нѐ направи горди! – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Заев: Се надевам Тамара сите ќе нѐ направи горди!

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук ја повика дијаспората да гласа за Тамара.

Навиваме денеска за Тамара и ѝ ја посакуваме целата среќа, како наш претставник на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел, се огласи премиерот Зоран Заев на Фејсбук и ја повика дијаспората да гласа за Тамара.

– Се надевам сите ќе нѐ направи горди или како што самата кажува во песната, „Raise your voice and say it loudly – I am PROUD“ (Кренете го вашиот глас и кажете гласно – Се гордеам). Ја повикувам македонската дијаспора да ја поддржи Тамара и да гласа за број 17, на втората полуфинална вечер, која ќе почне вечерва во 21 часот – напиша Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close