Заев: Се надевам дека пред вторник ќе изнајдеме решение!

Вистинските европски политичари мора да му дадат шанса на процесот, истакна премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето дали во Софија било понудено да се потпише нов договор со кој би се надминале отворените прашања како што тврди бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

– Имавме разговори кои се одвиваа во конструктивна атмосфера. Договорот со Грција ме подучи дека на Балканот решението што ќе се изнајде ќе треба да е победничко за двете страни. Не сме стигнале до таму за решение со Бугарија, но процесот не треба да се одвива преку јавноста, нема да правиме шоу за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за јавноста во двете земји, но не го решава спорот. Имаме јасни позиции и ќе работиме со Бугарија на заедничко победничко решение. Македонскиот идентитет е гордост и ќе остане гордост како планина и без да правиме националистички спектакл за ова прашање, изјави Заев.

Тој додаде дека целта е преку комисиите, онаа за историски прашања и меѓувладината, да се изнајдат решенијата. Очекуваме дека овие денови ќе се интензивираат разговори, за пред вторник да можеме да постигнеме решение, заклучи премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот