Заев: Само третина од „бомбите“ беа во наш посед - Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев: Само третина од „бомбите“ беа во наш посед

Премиерот потоа истакна дека тие поседувале само една третина од „бомбите“, а кај поранешниот началник на Петатта управа, Горан Грујевски, биле пронајдени дури три милиони разговори.

Во вечерашното интервју за ТВ Клан премиерот Заев зборуваше и за „бомбите“ кои сега излегуваат во јавноста.

Заев изјави дека тој не е личнсота која сега треба да ја преземе одговорноста за тоа.

– Заев е доблесен политичар, растеретен, транспарентен. Но, за бомби за кои што нема дилема дека разговорите кои се случуваат се случувале 2008, 2009, 2010, 2011, 2012 година, јас да преземам одговорност? Па, зарем јас ја контролирав УБК? Зарем јас сум имал пристап таму да го снимам тоа? Апсолутно се знае од каде се бомбите – од режимот на Никола Груевски и Сашо Мијалков – рече Заев.

Премиерот потоа истакна дека тие поседувале само една третина од „бомбите“, а кај поранешниот началник на Петатта управа, Горан Грујевски, биле пронајдени дури три милиони разговори.

– Една третина од тие т.н. „бомби“ беа во наш посед. Анализирајќи ги само датумите, по моја и по проценка на нас од СДСМ тоа беа само една третина. Кога влегоа кај Горан Грујевски запленија повеќе од три милиони разговори само, а ние, ако не се лажам, предадовме некои 700.000 разговори и околу 350.000 пораки. Дел од тие разговори кои сега се лиферуваат, не биле ни во наш посед. Никогаш не биле во наш посед. Тоа значи дека тој што ги снимал, не само што му украле една третина да донесат кај Заев, тој ги има целосно, сто отсто односно тие три милиони – изјави Заев во интервјуото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close