Заев: Сакам да ја посетам Бугарија, не ја кријам желбата (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Драган

-Сакам да ја посетам Бугарија, не ја кријам желбата, верувам дека тоа ќе се случи. Работиме на проблемот, кога ќе има промени ќе ве известам, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при посетата во ТИРЗ Скопје 2 (Бунарџик).

Заев очекува дека посетата ќе се одржи пред закажаното одржување на Берлинскиот процес на 10 ноември, со кој заеднички претседаваат Северна Македонија и Бугарија.

-На 10 -11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Јас, како претседател на Владата и премиерот Борисов сме првите домаќини во името на нашите земји. Се надевам дотогаш ќе биде реализирана мојата посета, за да поразговараме за сите работи. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и отворени прашања за разговори- рече Заев.

Премиерот најави отворање на нови работни места како и подобар стандард на граѓаните.

Фото: Слободен печат/ Драган

-Странските инвестиции продолжуваат во нашата земја, поддржавме повеќе од 40 домашни инвестиции, чија вредност е повеќе од 20 илјади евра-рече Заев во ТИРЗ Скопје 2 (Бунарџик).

Фото: Слободен печат/ Драган

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот