Заев: Сакам да дочекам претседател на државата да биде Албанец

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Ќе го чекам моментот кога сите граѓани бидат подготвени за претседател Албанец, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес конференција за изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка.

„Тој момент ќе сакам да го дочекам , да бидам жив и здрав, јас а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од македонците, 50% од албанците, 50% србите, власите, ромите, бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, изјави премиерот Зоран Заев.

Вчера ваквата идеја ја соопшти на митинг, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после Претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со Премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот