Заев: Разочарам сум и лут, ова ми е уште една лузна

Во Брисел ни беше направена голема неправда ЕУ не го испорача тоа што го вети иако ние ги исполнивме сите наши обврски, тие не си останаа на зборот, рече премиерот Зоран Заев откако вчера и официјално ни беше соопштено дека нема да добиеме датум за почеток на преговори.

-Тоа што ЕУ не успеа да донесе одлука за отворање на преговори е нивна историска грешка тоа го потврдија сите лидери. Сакам јавно да се заблагодарам на големиот број европски лидери кои се бореа за нас, ја цениме нивната поддршка. Жртви сме на историска грешка на ЕУ и тоа предизвикува огорченост. Јас сум разочаран и лут и знам дека народот така се чувствува, тоа ми е уште една лузна – рече Заев.

Тој рече и дека тоа што се случи во Брисел сепак е внатрешно прашање на Франција и дека не треба да ги губиме пријателите.

– Франција ни е пријател. Верувам дека Франција ќе го надмине тоа прашање. Во Брисел на последните состаноци буквално ги молев европските лидери да не ги гаснат европските сијалички. Сега останува дома толку силно да го блеснеме нашето знаме, нашето сонце за да ја увериме ЕУ дека сме подготвени – рече  Заев прашан како го доживеал ставот на францускиот претседател Емануел Макрон.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот