Заев разговараше со пратеникот Реџепи: Народната волја за мирно и заедничко живеење бара стабилно мнозинство во парламентот

заев реџепи
Зоран Заев и Кастриот Реџепи / Фото: Влада на РСМ

Денеска во просториите на Владата на Република Северна Македонија премиерот Зоран Заев имаше средба и разговараше со пратеникот Кастриот Реџепи.

Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја, се вели во владиното соопштение.

Заев и Реџепи низ разговорот потенцирале дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразиле уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во парламентот.

Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Северна Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат, велат од Кабиентот на премиерот.

На средбата биле изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот