Заев, Рама, Вучиќ и Ѓукановиќ во Драч, да ги видат штетите од земјотресот

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претпладнево во пристанишниот град Драч, кој беше едно од најпогодените подрачја од разорниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, престојуваат премиерот Зоран Заев, српскиот и црногорскот претседател, Алекдандар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ и нивниот домаќин, премиерот Еди Рама.

Нивната посета на Драч е со цел одблиску да се запознаат со состојбата по земјотресот. Посебно се задржаа во комплексот каде има 185 станови а кои поради големите оштетувања се невселливи.

За безбедноста, според Ора њуз телевија, се грижат голем број полициски сили.

По Драч тие се враќаат во Тирана, каде во хотелот Рогнер во Тирана ќе го одржат третиот состанокот на иницијативата „Мини Шенген” која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните. На состанокот најавено е присуство и на претставник на амерканскиот Стејт департмент.

Првиот состанок беше одржан во Нови Сад, вториот во Охрид, додека следниот најавено е дека ќе биде во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот