Заев: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни тези за поништување на Преспанскиот договор

Неизбежно ќе биде влошување на внатрешната политичка клима и застој во странските инвестиции, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција во партиското седиште.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни тези за поништување или укинување на Преспанскиот договор. Тоа би нè вратило најмалку 25 години назад. Тоа би значело уривање на ЕУ-перспективата на земјата, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во неколку наврати, рече Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски и за странски и за домашни медиуми најави дека доколку имаат двотретинско мнозинство ќе го укинат Договорот од Преспа, кој, како што потенцира, е договор кој не донесе до НАТО и до чекор со ЕУ.

– Дали ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се уништи Преспанскиот договор? Укинувањето би не вратило 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи укинување на членството во НАТО, губење на ЕУ перспективата, губење на милијарда евра инвестиции. Без договор од Преспа, ќе исчезне поддршката од нашите стратешки партнери, нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти, рече на прес-конференцијата Заев.

По заминувањето од премиерската функција, Заев го повика лидерот на Христијан Мицкоски да престане со пласирање на тезите за поништување на Преспанскиот договор. Исто така, тој рече  дека не очекува Мицкоски да победи на изборите.

Во живо: Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?

Во живо: Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?

Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Lundi 20 janvier 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот