Заев: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е поставено како внатрешен непријател на Северна Македонија и на народот

Зоран Заев во Карпош / Фото: МИА

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е поставено како внатрешен непријател на Република Северна Македонија и на народот. И додека оваа партија не се реформира – никогаш нема да дозволиме да се врати на власт. А, ние продолжуваме заедно со вас напред, со Најдоброто, порача Заев од вечерашниот централен митинг во Карпош.

-Нивните заложби за „нова иднина” не се ништо друго освен пуста желба за власт, за враќање на старото режимско минато во кое тие ќе крадат, а други ќе одговараат. Не се одамна тие случувања од режимот на Груевски од којшто беа дел и Христијан Мицкоски и Александар Николовски: за слободна мисла, затвораа новинари и затвораа медиуми, тепаа студенти, отпуштаа од работа; рекетираа фирми, а на оние коишто не го дозволуваа тоа – им ставаа катанци на вратите, сценираа меѓуетнички конфликти, го подриваа соживотот и ја држеа државата во изолација, за да можат непречено да крадат милиони народни пари за себе. Лажеа за некаква федреализација и кантонизација, те за некакви предавства со Преспанскиот договор или со Договорот за добрососедство со Бугарија. И денес се главни креатори на лажни вести, со што го поткопуваат напредокот на Република Северна Македонија, истакна Заев.

Тој посочи дека најдоброто во Карпош е можно со кандидатите за градоначалници на Карпош и Град Скопје, Душко Весковски и Петре Шилегов.

Визијата на Душко Весковски е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со заштита на јавниот интерес, со почитување на приватната сопственост да го забрза економскиот развој на оштината, Карпош да има највисок процент на зелени површини во Скопје и Републиката, да биде со чисти улици по коишто ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура, рече Заев, нагласувајќи дека за реализација на своите проевропски идеи ја има целосната поддршка од централно ниво.

Заев истакна дека во општина Карпош досега се реализирани или се во фаза на реализација, низа важни проекти за општината.

Петре Шилегов, градоначалник на Скопје / Фото: МИА

Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, а не само во вторник и петок, вечерва вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов на митингот во Карпош.

Шилегов рече дека ќе се овозможи бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот.

-За поголема самостојност и независно функционирање, обезбедуваме ефикасен, безбеден и бесплатен транспорт за нив, рече Шилегов и најави бесплатен јавен градски превоз и за лицата со ретки болести.

Мицкоски вежба за парламентарни избори: Доаѓа крај на продавањето на македонските интереси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот