Заев – Радев: Северна Македонија и Бугарија заедно тагуваат за жртвите од автобуската несреќа

Зоран Заев Румен Радев
Зоран Заев и Румен Радев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Северна Македонија и Бугарија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, во која животот го загубија најмалку 45 македонски државјани, порачаа премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев од нивната денешна средба во Софија.

Бугарија презеде навремени активности за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите, и очекува поддршка од македонските институции, на кои е подготвена да им ги обезбеди сите информации за случајот, се наведува во соопштението на кабинетот на Радев по средбата.

Како што јави БГНЕС, на средбата Радев му изразил сочувство на Заев за жртвите во автобуската несреќа, а македонскиот премиер му изразил сочувство на шефот на бугарската држава за деветтемина жртви од вчерашниот пожар во дом за стари лица во селото Ројак.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот