Заев: Работиме на трансформација на С. Македонија во нов регионален центар на иновации

Фото: mia.mk

Посветени сме и работиме со сите сили за трансформација на Северна Македонија во нов регионален центар на иновации. Во пост-ковид ерата што е пред нас, час поскоро треба да ги вмрежиме сите алатки, како што е акцелераторската лабораторија, во изнаоѓање на иновативни решенија кои за сите нас ќе создадат економски патеки кои се, пред сè, „зелени“, инклузивни и праведни.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето по повод официјалното отворање на нова акцелераторска лабораторија на УНДП во Скопје, која е дел од најголемата и најбза мрежа за споделување знаења за одржлив развој и опфаќа 116 земји во светот.

Премиерот Заев посочи дека, како дел од стратегиите на оваа Влада, за прв пат имаме т.н. Национален старт-ап совет кој прави краткорочна и долгорочна стратегија за трансформација на македонскиот старт-ап еко-систем. ФИТР, додаде тој, е сериозно посветен на овие цели, но и на креирање на инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и почетните бизниси.

– Една од најважните лекции што ги научивме во целиот овој кризен период е дека добрите решенија доаѓаат преку дијалог, вмреженост, отворена мисла, критички став и капацитет за адаптација. Затоа, во соработка со УНДП и со поддршка на Владата на Велика Британија, започнуваме отворен и инклузивен процес за пишување на национална развојна стратегија за наредните 20 години. Само преку вклучување на целото општество во националните развојни процеси можеме да се осигураме дека ќе стигнеме до најдобрите решенија и дека никој нема да биде запоставен. Ќе продолжиме во истатаа оваа насока заедно со нашите стратешки партнери да градиме пријателства, да разменуваме искуства, а со тоа да градиме зелена просперитетна бизнис иднина за сите наши граѓани, рече Заев.

На конференцијата по повод отворање на акцелераторската лабораторија се обрати и администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ахим Штајнер од Њујорк, кој истакна дека работата на 92 акцелераторски лаборатории кои се дел од претстваништвата на УНДП и локалните иновациски екосистеми е од огромна важност.

– Членовите на лабораториите истражуваат, експериментираат и градат портфолија на меѓусебно зајакнувачки решенија со цел да се справат со предизвиците на денешницата, како загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, разорниот социо-екоомски импакт на ковид-19 врз најранливите категории и ред други, рече Штајнер.

Во 2021 година, акцелераторската лабораторија во Северна Македонија ќе се фокусира на иницијативи за забрзување на систематски трансформации и реформи во јавниот сектор кои ќе ги унапредат практиките за добро владеење базирани на пристапот за целосно општетство. Лабораторијата ќе ја поддржува земјата и во справување со проблемите поврзани со работните места на индината и ќе соработува со Град Скопје на развој на портфолио на интрервенции со кои ќе се адресираат главните развојни предизвици.

Акцелераторските лаборатории на УНДП што ги има во 116 земји во светот, имаат за цел да развијат нови и иновативни пристапи за справување со комплексни глобални предизвици како климатските промени, пандемиите и нееднаквоста. Дел од лаборатории се отворени со помош на Федералното министерство за економска соработка на Германија и на Фондот за развој на Катар како и главните партнери на УНДП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот